gogo

A+ R A-


Откако не заигра ниту минута за Силекс

Австралиецот од Силекс се откажа од фудбалот

пишува - Оливер Арсовски

Младиот дваесетгодишен Австралиец со турско потекло Бенџи Вахид, по една година помината во дресот на Силекс,  летово се пензионира. Иако минатото лето беше ангажиран како голем фудбалски потенцијал, тој не успеа да се наметне на тренерот Ане Андовски и не одигра ниту една минута за кратовци. Тоа беше и една од причините младиот Австралиец да крене раце од фудбалот и деновиве да си замине на зелениот континент.
-Во Силекс не ја добив вистинската шанса и решив не само да си заминам од Кратово, туку и засекогаш да го напуштам фудбалот. Можев да останам во Македонија бидејќи моите корени се од охридско, но сепак се одлучив да продолжам со академски студии во Австралија, а паралелно да градам и бизнис-кариера, - ни рече младиот Австралиец, кој порано настапувал за Саут Мелбурн и Данденонг тандерс.
Слична судбина како неговата имаа и останатите лански засилувања, Никола Шакиќ и Харис Ујкиќ, кои не одиграа ништо во дресот на кратовци, но барем останаа во фудбалот.  

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.