250 деца од Кратово се запознаваа со фудбалот и спортските игри
пишува - Оливер Арсовски
Близу 250 деца од општината Кратово и над 30 инструктори учестуваат на манифестацијата "Опен фан фудбал скул " (отворени забавни школи за фудбал) на која преку забава ги стекнуваат првите знаења за фудбалот. Овој проект има за цел децата од училишна возраст преку игра и забава да стекнуваат искуства во играта со топка и на фудбалските клубови да им помогнат да пронајдат нови играчи кои ќе го развиваат нивниот талент. На оваа спортска манифестација, која се одвиваше минатиот викенд, а ќе заврши во првиот септемвриски викенд, учествуваа деца од нашата општина, на возраст од 6 - 12 години. Покрај запознавање со фудбалската игра, интересно е што дечињата играат и хокеј на трева. Секако, и на овој начин се бараат нови фудбалски таленти меѓу децата, а сите учесници на подарок добиваат маичка, капче, нараквици и шишенце со знакот „респект“, асоцирајќи на дружба преку почитување на „противникот“. Овој проект има уште една димензија, а тоа е поврзување и зближување на децата, без разлика на верската, полова или расна припадност.