Дуелот меѓу Силекс и Академија Пандев во рамките на Купот го одбележа крајно неспортскиот потег на Давид Атанаскоски во 94-тата минута, кога со лактот намерно го удри директно в лице Антонио Маркос, за што заработи директно исклучување од младиот судија Игор Стојчевски.Ова беше брутален старт, за кој дефинитивно ќе заработи неколку меча суспензија.

















