На три недели пред првото квалификациско коло, во таборот на Силекс расположението не е на највисоко ниво. По заминувањето на браќата Стефан и Момчило Рудан, следуваше дополнителен шок со повредата на извонредниот голман Милан Митровиќ, кој ќе отсуствува најмалку 5 месеци. Последниот шок доаѓа од Филип Дурански. Играчот за врска кој одигра сјајна сезона во дресот на Силекс, не успеа да се договори со раководството на Силекс за продолжување на договорот. Но, тука беше Работнички да му понуди подобри услови и да го донесе во своите редови. Голема е веројатноста и Крсте Тодоров да си замине од Кратово.
Од друга страна, кратовци засега пазареа скромно, единствено Стојчевски е играчот кој во следната сезона ќе ги брани боите на Силекс. Останува да видиме дали стратегот Момчило Митевски ќе извади некој џокер од џеб и ќе направи конкурентен тим за новата сезона.
Паника во Силекс, и Дурански си замина
Најново
![]() | Денеска | 4393 |
![]() | Вчера | 3446 |
![]() | Оваа недела | 4393 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 30283 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20948292 |