gogo

A+ R A-


Пановски ветува погодок со Пелистер, посакува да биде Топ-5 стрелец во лигата

altПо големата победа над Тетекс (3-1) во средата, ново големо искушение за составот на Силекс. Утре (недела, 17ч.) во Кратово гостува тимот на Пелистер, кој и покрај сопственичките превирања во клубот, засега одлично граби во првенството. Дуелот е дополнително интересен поради тренерската пресметка Зоран Штерјовски - Марјан Секуловски, двајцата млади стратези со голем потенцијал. И двајцата се битолчани, Штерјовски ќе има големи мотиви да го совлада својот матичен клуб Пелистер, додека Мане сигурно посакува слатка одмазда бидејќи пред две години доби отказ поради слабите резултати во првите неколку кола на Силекс.
Домаќините многу очекуваат од велешанецот Александар Пановски, кој во минатото коло постигна два погодока против штофарите, а ветува нови погодоци и против пелистерци.
-Немам дилеми дека ова ќе биде извонредно тежок натпревар, против тим кој особено добро игра на гостински терен. Битолчани имаат стопроцентен учинок на гости, но и ние имаме три домашни победи на три меча. За нас ќе биде особено важно да забележиме уште еден триумф, затоа што следува за нас неповолен распоред во следните неколку кола. Досега постигнав три погодоци, но тие се заслуга на целиот тим, па ако ме послужи среќата, се надевам на продолжување на голгетерската серија. Ако продолжам вака, посакувам и верувам дека на крајот од сезоната ќе се најдам во  Топ - 5 стрелците во лигата - истакна Александар Пановски.

Благ фаворит според обложувалниците е Силекс (2.05), додека гостинската победа има коефициент 3.30, колку што е проценето и ремито на овој меч. Главен судија на мечот ќе биде тетовецот Јосип Бартон.

1. Vardar 5 3 2 0 8:3 11
      
2. Met. Skopje 5 3 2 0 7:2 11
      
3. Sileks 5 3 2 0 7:2 11
      
4. Pelister 5 3 0 2 4:2 9
      
5. Shkendija 5 2 2 1 9:8 8
      
6. Renova 5 1 2 2 3:5 5
      
7. Rabotnicki 5 1 1 3 4:7 4
      
8. Turnovo 5 1 1 3 4:9 4
      
9. Bregalnica Stip 5 1 0 4 4:7 3
      
10. Teteks 5 0 2 3 4:9 2
      

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.