gogo

A+ R A-


Парадокси на мечот Силекс - Шкендија: публика нема, а мечот се снима со шест камери???

На македонските фудбалски стадиони може да видите се, освен навивачи. Шетале и кучиња по терените, змии во тревата, играчите бркале петли, ама на трибините најчестата слика е празни столчиња. Чест за исклучоците, една-две екипи имаат солидна посета, но на останатите мечеви публика нема. Но, ако нема публика, има еден куп камермани, техничари, коментатори, некогаш во поголем број отколку публиката.
Таков парадокс се случи на фудбалскиот меч Силекс - Шкендија, одигран пред една недела во Кратово, кој заврши со триумф на гостите од 0-2. На овој меч авторот на овие редови изброја дури шест камермани (алооооо, па мечевите во Бундес лигата дали се снимаат со повеќе од 4-5 камери???), четири техничари, еден коментатор, еден официјален спикер, двајца скаути за онлајн обложување. На ова бројка ако ја додадеме и бројката на полицајци (најмалку десетина), плус службените лица на мечот, излегува дека бројката е поголема од бројот на гледачи на трибината. Оваа слика се повторува и во Автокоманда, не е многу поразлично и на мечевите на Ренова и Работнички.
Ах, македонски фудбале!!!

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.