Кусо траеше авантурата на српскиот интернационалец Стефан Милосављевиќ во дресот на Силекс. Поради нарушување на клупската дисциплина, тренерот Жикица Тасевски му даде „шут-карта" на српскиот интернационалец кој летово пристигна во Кратово.
Новакот во тимот Милосављевиќ, познат по прекарот „Пиле“, во првите две кола беше стартер во тимот на Силекс, а во третото седна на клупата токму поради непочитување на редот во клубот. По двете опомени и непроменетиот однос, тренерот Тасевски одлучи да му се заблагодари за услугите.
P.S. Авторот на овие редови, пред пет дена, десетина минути пред стартот на дуелот со Ренова во Кратово, прогнозираше дека „Пиле“ прв ќе одлета од Кратово. Сведоци ми се Боби, Пеле, Стефан... И бидна така.
Да ви кажам кој е следниот кој ќе лета? Ај, стрпете се до утре, ќе кажам десетина минути пред мечот со Победа!!!