gogo

A+ R A-


По 12-ката во Купот, КМФ „Бели“ окрка 7-ка од кратовските футсалци

altОткако пред три дена го демолираа КМФ „Бели“ со 12-4 во рамките на купот, викендов футсалците на КМФ „Кратово“ му одржаа уште една лекција на истиот клуб, и тоа повторно на негов терен. Разликата е што сега кратовци имаа милост, па броеја само до седум, победувајќи со 7-3. Своја вечер имаше Горан Арсовски, кој речиси сам го потопи домаќинот, постигнувајќи неверојатни шест погодоци. Еден погодок постигна Драган Стефанов, а за истакнување е добрата игра на целиот тим, кој полека се искачува кон втората позиција на табелата.

1. КМФ Шкупи 22 (-1меч)
2. КМФ Цико 21   (-1 меч)
3. КМФ Кратово 20
4. КМФ Шкендија 18 (-1 меч)

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.