gogo

A+ R A-


По административен пат

Ракометарките на „Ел-коритон“ се вратија во елитата

пишува - Влатко Бојковски

Нашиот женски ракометен клуб „Ел-Коритон“ Кратово оваа сезона ќе се натпреварува во највисокиот ранг – СКОПСКО СУПЕР ЖЕНСКА Ракометна лига. Нашите ракометарки имаа среќа бидејќи екипата на СТРУЖАНКА се откажа од натпреварувањето во супер лигата поради огромните финансиски проблеми што го снајдоа тимот од Струга. Па така Ракометната Федерација на Македонија му понуди на нашиот клуб да учествува во оваа лига.
Од Ел-Коритон информираат дека со задоволство ја прифатиле понудата да играат во СУПЕР Лигата бидејќи како што велат тоа е желба на сите ракометарки, како и на сите фанови на клубот. Истовремено од клубот се заблагодаруваат на општина Кратово бидејќи со Одлука на Советот ќе бидат обезбедени трошоци кои ќе ги покриваат основните потреби за функционирање на клубот.
Првиот натпревар во Супер лигата, Ел-Коритон го игра во недела (18.09.2011 год.) против екипата на Куманово, во спортската сала во Куманово со почеток во 17:30 минути. Додека пак, на домашен терен веќе наредниот викенд Ел-Коритон ќе треба да го пречека велешкиот тим Леов Бартек. Останува само уште да се реши проблемот со електронски семафор во салата, кое правило од оваа година е задолжително за сите натпревари во организација на Ракометната Федерација на Македонија.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.