
Уште еден фудбалер од некогашните шампионски генерации на ФК Силекс заплови во прволигашките тренерски води. По Љубо Милошевиќ и Ане Андовски, тоа е Срѓан Захариевски кој е назначен за прв тренер на ФК Металург. Негови помошници ќе бидат Александар Васовски и Љупчо Кметовски, кој ќе биде задолжен за работа со голманите. Во стручниот штаб се уште Александар Влахо и Метин Далип, кој е одговорен за физичката подготовка на играчите.
















