Женскиот ракометен клуб „Ел Коритон“ во иднина нема да биде единствениот клуб во кој ќе можат да спортуваат и рекреираат припадничките на понежниот пол во Кратово. За потребите на патронатот во кратовската гимназија профункционира женскиот фудбалски тим составен од ученички од „Митко Пенџуклиски“, а под менторство на проф. Анита Марковска - Јанева. Интерес постои кај младите кратовчанки, а нивниот настап против пробиштипјанки наиде на симпатии кај публиката. Да се надеваме дека женскиот фудбал наскоро ќе прерасне во нешто што ќе привлече голем број девојчиња времето да го минуваат на спортските терени.
Најново
![]() | Денеска | 1871 |
![]() | Вчера | 2931 |
![]() | Оваа недела | 9409 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 35299 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20953308 |