На фудбалерите на Силекс одлично им оди летово, откако забележаа победи на четири контролни мечеви и ремизираа само еднаш. Иако сите победи беа со второлигаши и третолигаши, сепак, за одбележување е добрата физичка подготвеност и уиграност во ростерот на Жикица Тасевски. Во првата контролка кратовци ремизираа на гости со новиот прволигаш Скопје 1-1, а потоа следуваше низа од четири победи. Саса помина добро (1-0), додека Рудар беше декласиран со единаесет погодоци во мрежата (11-0). Кратовци беа поуспешни од Беласица (2-1) на гостувањето во Струмица и од Гостивар (2-1), исто така на гостински терен.
Утре на програмата е ново гостување кај Осогово во Кочани.

















