Оваа фудбалска недела започна со тажна вест. Денес почина поранешниот фудбалер на Силекс, Металург, Беласица и Кожуф, Ѓорѓе Џонов. Ѓорѓе подолго време се бореше со болеста, потребен му беше задолжителен медицински третман и операција во Турција.За овој зафат голем број фудбалски работници, играчи и клубови апелираа за помош и собираа средства за операцијата. Сепак, денес стигна ужасната вест, која силно ги погоди неговите најблиски, пријателите и соиграчите од неколку клубови.
Скоро две години Џонов водеше битка со болеста, но денес стигна веста за неговата трагична смрт. Македонскиот фудбал е обвиен во црно, бидејќи млад 30-годишен човек од фудбалскиот свет го загуби животот.
Џонов е роден во Пирава, имаше забележителна кариера, а последен негов клуб беше Кожуф од Гевгелија.
Почивај во мир!
















