
Синоќа во Белград, на 71-годишна возраст ненадејно почина една од легендите на македонскиот фудбал, поранешниот фудбалер на ФК Вардар и долгогодишен тренер, Лазар Плачков. Плачков својата играчка афирмација ја доживеа во црвено-црниот дрес, а потоа, како тренер водеше повеќе екипи во македонското првенство, меѓу кои Силекс и Победа. Беше и прв помошник на Андон Дончевски во првата репрезентација на независна Македонија, а потоа беше дел од стручниот штаб кога и Ѓоко Хаџиевски беше селектор на репрезентацијата. Погребот на Плачков ќе биде во Бечеј, Србија.