Скаути на германскиот бундеслигаш Фрајбург вчера биле во Кратово и го следеле настапот на младинскиот репрезентативец Кристијан Филиповски, пишува спортскиот портал „Екипа“. Одличниот играч за врска на кратовскиот тим оваа сезона блесна на натпреварите од Првата лига, а неговата игра е „скенирана“ од неколку европски клубови. Неговата цена на трансфер пазарот вртоглаво расте, и во овој момент тој, Недељковиќ, Иванов, и Тимовски се најскапите играчи во Силекс според страната Трансфермаркет. Филиповски е еден од фудбалерите кои се и на поширокиот список на селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски.
Силекс вчера одигра одличен натпревар против Ренова и славеше со 3-0, а Филиповски повторно беше еден од најзабележителните фудбалери во својот тим.