Еден од најдобрите македонски голмани Мартин Богатинов, сепак ќе мора да почека недела-две пред да потпише за романскиот гигант Стеауа. Според пишувањата на романскиот „Дигиспорт“, раководството на Стеауа не сакало на „слепо“ да потпише договор со Богатинов, иако знае дека се работи за одличен голман со сјајни перформанси. Проблемот искрснал бидејќи фудбалската експедиција на Стеауа се наоѓа во Шпанија на подготовки, па од тие причини Богатинов ќе мора да замине таму за да ги одработи подготовките, а дури потоа да ги мине задолжителните лекарски прегледи во Букурешт, без кои газдата Џиџи Бекали не сака да го испразни добор ќесето. Иако сумата не е обелоденета, се шпекулира дека месечната плата на Богатинов би била околу 10.000 евра, иако полскиот Лех Познањ му понудил дури 15.000 евра, кои наводно менаџерите на Мартин ги одбиле.
Подготовки, медицински преглед, па потпис на Богатинов во Стеауа
Најново
![]() | Денеска | 1105 |
![]() | Вчера | 2931 |
![]() | Оваа недела | 8643 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 34533 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20952542 |