gogo

A+ R A-


ПОГОДОК НА СЕКОЕ ДЕБИ

Ристиќ кандидат за Гинис

Стевица Ристиќ, напаѓачот претплатен за голови во деби-настапите за своите клубови, традицијата ја продолжи и во дресот на корејскиот Сувон Блувингс. Откако пред една недела дебитираше со погодок, викендов и во вториот настап стрелаше прецизно за минимална победа против Инчон.
- Останав верен на традицијата, еве и во шестиот клуб во кој се преселив, постигнувам гол во премиерниот настап. Така беше пред осум години во дресот на Силекс, продолжив во корејските Чонбук и Поханг, не прекинав ниту во Бунјодкор и Амкар, и еве ми се повторува истото во Сувон. Ако на ова додадам дека постигнав погодок и на дебото за фудбалската репрезентација против Албанија, тогаш веројатно сум кандидат и за Гинисовата книга на рекорди. И да не заборавам дека пред четири години во дресот на Чонбук го постигнав најбрзиот погодок во историјата на К-лигата, во 30-тата секунда против Гвангжу - вели голгетерот.
Популарниот Риле има постигнато и пет погодоци на еден меч во дресот на Силекс, но овој рекорд го дели уште со Зоран Бошковски, Саша Ќириќ, Ванчо Мицевски и Александар Толески. (О.А.)

&feature=share

&feature=player_embedded#at=74

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.