Амбициозниот фудбалски второлигаш од Пехчево, Кит Го, гради тим кој на пролет треба да ги донесе посакуваните резултати, а тоа е пласман во елитната конкуренција. Сопственикот на клубот, Кирил Гогов, не жали пари да донесе квалитетни играчи, а се чини дека најмногу се намерачил на поранешните фудбалери на Силекс.
Последното и се чини најголемо засилување за пехчевци е струмичанецот Благој Гуцев. По кратката авантура во косовска Трепча, Гуцев беше на преговори со раководството на Силекс околу евентуален камбек, но се чини, пехчевци понудија повеќе пари и го добија еден од најжестоките борци во македонскиот фудбал.
Трансфер од Силекс во Кит Го зимава направи и велешанецот Александар Пановски, а истото го стори и напаѓачот Антонио Бујчевски.
Извесен период во дресот на Кит Го настапува и Александар Темелков, екс-играч на Силекс, како и Глигор Глигоров, кој ја заврши фудбалската кариера.
Се чини, Борец од Велес е главен фаворит за влез во елитата, имајќи ја предви бодовната предност пред конкурентите, но затоа Кит Го, Кожув и Тиквеш ќе водат грчевита битка за место во баражот. Оливер Арсовски
Половина Силекс ќе го внесува пехчевски Кит Го во елитата
Најново
![]() | Денеска | 3773 |
![]() | Вчера | 12395 |
![]() | Оваа недела | 24898 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 16168 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20934177 |