Трајчов и Андонов во Брегалница
пишува - Оливер Арсовски
Довчерашните играчи на Силекс, Ванчо Трајчов (35) и Душко Андонов (23) се најголемите засилувања на новиот прволигаш Брегалница. Штипјани со ангажманот на Трајчов добиваат искусен играч за врска кој настапувал во Вардар, Работнички, Ренова и кипарскиот Етникос Ахна, а има и четири настапи за сениорската репрезентација. Напаѓачот Душко Андонов потекнува од младинската школа на Брегалница и ова ќе биде негов камбек во матичниот клуб.
- Среќен сум што по подолг период повторно се враќам во мојот матичен клуб. Иако имав уште половина година да одиграм за тимот на Силекс, сепак раководствата на двата тима успеаја да се договорат - ни рече задоволниот Андонов.
Покрај Трајчов и Андонов, прволигашот од Штип се засили со уште двајца поранешни играчи на Силекс, дефанзивецот Михаил Донев и напаѓачот Мартин Шишков.