Мало изненадување претставува денешниот пораз на Силекс на гостувањето кај Царев Двор, ако се земе предвид дека мечот се играше на неутрален терен во Охрид. Токму поранешните играчи на Силекс Благојче Марковски - Чаки и Мирко Симјаноски беа џелатите на кратовци, одведувајќи го својот тим до недостижни 3-0 на полувреме. Во вториот дел поразот го ублажи Игор Недељковиќ од пенал.РЕЗУЛТАТИ – 6. КОЛО
ВАРДАР – ХОРИЗОНТ Т. 5-1
Ивановски 16’, Блажевски 18’, 66’, Ромеро 35’, 45’+2 – Иванов 90’
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-1
Бајрами 84’(п) – Илијоски 17’
МЕТАЛУРГ – БРЕГАЛНИЦА 0-3
- Стојанов 3’, Нацев 23’, Митрев 83’
МЛАДОСТ ЦД – СИЛЕКС 3-1
Марковски 3’, Каланоски 40’, Симјановски 45’ – Недељковиќ 70’(п)
УТРЕ (16 ч)
Шкендија – Ренова
ТАБЕЛА: Вардар 16 бода, Шкендија(-1) 12, Силекс 10, Младост ЦД 9, Шкупи 8, Работнички(-2) 7, Брегалница 6, Хоризонт Т. 5, Ренова(-2) 1, Металург 1 бод.
фото - Михаил Постоловски