Осогово - Силекс 1-0 (0-0)
По победата над Тетекс од 2-1 во првата контролна средба, фудбалерите на кратовски Силекс загубија во вториот тест-меч од Осогово со 0-1. Второлигашот победи со голот на Манчовски во вториот дел. Инаку, тренерот Ане Андовски на овој меч им даде шанса на голем број фудбалери, а резултатот остана во втор план.