gogo

A+ R A-


Порталот „АБЕРЏИЈА“ ви ги претставува седумте засилувања во Силекс

altСилекс го комплетираше ростерот за новата 25-та сезона во фудбалскиот шампионат, а во него ќе се најдат седум нови играчи, кои наскоро би требало да покажат дали се вистински засилувања. На голманската позиција е доведен Никола Вујанац, како замена за повредениот Милан Митровиќ. Првичните впечатоци се дека се работи за одлична голманска аквизиција која ќе ги оправда парите вложени во неа. Во одбраната на стоперската позиција е altдоведен Стојан Стојчевски, како замена за браќата Стефан и Момчило Рудан, кои летово си заминаа од Кратово. Се работи за солиден дефанзивец, но веројатно сезоната ќе ја започне како резервист, бидејќи стратегот Митевски го прекомандува капитенот Мицков на стоперската позиција. Сепак, Стојчевски би можел и да добие шанса, бидејќи Мицков најверојатно повремено ќе биде ротиран и во средниот ред.
altНа левата бековска позиција пристигна српскиот млад фудбалер Душан Младеновиќ, чија специјалност се слободните удари. Би можел да игра и странично како левокрилен играч за врска, а се очекува да биде сериозна конкуренција на Џонов. Одлично засилување во дефанзивата ќе биде и кратовецот Иванче Насевски, кој се стекна со неопходното искуство за да се наметне како стартер во тимот.
Како најголемо засилување летово се смета струмичанецот Ѓорѓи Танушев, кој има завидно прволигашко искуство и од него се очекува најмногу. Дополнителен квалитет во средниот ред на Силекс ќе внесат Лиридон Илјази и Валмир Јонузи, двајца млади играчи со голем потенцијал, изделкани во фудбалската школа на Љупче Перински во Дрита. Можеби извесен период ќе им треба адаптација во новата фудбалска средина, но несомнено е дека поседуваат квалитет за да бидат сериозна конкуренција во тимот.
altВо нападот на тимот пристигна Антонио Каланоски, играч со брзина и инстинкт за голови, од кого се очекува да биде убиствен тандем со српскиот напаѓач Игор Недељковиќ.
Летово тимот на Силекс го напуштија браќата Рудан, Николчо Ѓорѓиев, Филип Дурански, Крсте Тодоров, Васко Распашковски и Дарко Ѓурчиновски.   Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.