Српскиот квартет во редовите на Силекс кој денес настапи против Брегалница одигра меч за паметење и во голема мера е заслужен за трите бода. Милан Митровиќ имаше неколку прекрасни одбрани, Игор Недељковиќ асистираше за победничкиот гол на Јован Кастратовиќ, а гол „првенец“ во дресот на Силекс постигна и Игор Филиповиќ. Интересно е што двата гола на Србите беа однапред „најавени“, имено Кастратовиќ синоќа од порталот „Аберџија“ беше испровоциран да погоди, а денес и тренерот Жикица Тасевски пред мечот му рекол на Филиповиќ дека ќе биде стрелец, што се обистини.


















