gogo

A+ R A-


Пресврт: Вардар и Инчон ќе наддаваат за услугите на Игор Недељковиќ

altИако уште не е започнат преодниот рок во македонскиот фудбал, веќе може да се насети дека напаѓачот на Силекс, Игор Недељковиќ, ќе биде една од главните ѕвезди. Откако се свртеа имињата на кинески и корејски клубови како можна дестинација за Србинот, најновите информации велат дека шампионот Вардар силно загризал да ги добие услугите на белграѓанецот. Причина плус се одличните партии и голови кои Недељковиќ ги пружаше на последните 4-5 меча против нив. Трнерот на Вардар, Гоце Седлоски, инсистаирал да го има во ростерот, па по цена и да испрати еден-два играчи во дресот на Силекс како позајмени фудбалери.
Како и да е, цената на Недељковиќ вртоглаво расте како што од ден во ден расте интересот за него. Она што е најмалку веројатно во овој момент е дека Недељковиќ ќе ги одработи последните шест месеци од договорот во Кратово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.