Иако беа на чекор до трите, сепак, фудбалерите на Силекс се враќаат само со еден бод (1-1) од тешкото гостување во Турново. По седум порази во Турново, кратовци го урнаа проклетството, но не успеаја да стигнат до триумф, иако трите бодови ги имаа в џеб.
Силекс поведе со погодокот на Филип Дурански во 46-та минута, на асистенција на Недељковиќ. Во финишот на мечот израмни бугарскиот интернационалец Долапчиев, поставувајќи ги конечните 1-1 на седум минути пред крајот.
Силекс со овој бод се најде во долниот дел на табелата, на делба на 6-та и 7-ма позиција, токму со Хоризонт имаат по 14 бодови. Она што е добро за двата тима е што Брегалница и Тетекс доживеаја домашни порази и остануваат заковани на дното со 5 и 2 бода.
Проклетството урнато, Силекс се враќа со бод од Турново
Најново
![]() | Денеска | 651 |
![]() | Вчера | 1955 |
![]() | Оваа недела | 12066 |
![]() | Минатата недела | 32439 |
![]() | Овој месец | 85991 |
![]() | Минатиот месец | 847250 |
![]() | Вкупно | 22138290 |