gogo

A+ R A-


Промена на планот: Хомбург отпаѓа, Силекс ќе спарингува со руски Шиник

sileks antalija 2Кратовци се аклиматизираа на условите во Анталија, а од утре ќе стартуваат и проверките на формата. Дојде и до прва промена на планот, па така наместо со германскиот нисколигаш Хомбург 08, избраниците на Жикица Тасевски ќе ги одмерат силите со рускиот клуб Шиник. Мечот ќе се игра утре во 15 часот по македонско време.

„Имаме одлични услови за работа овде во Анталија и ќе се трудиме да ги искористиме на најдобар можен начин. Утре ќе го имаме и првиот тест, а ривалот е сменет во однос на првичниот план. Ќе одиграме против рускиот клуб Шиник и сигурно ќе биде тоа одличен тест за нас“, вели Жикица Тасевски за порталот Екипа.мк.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.