Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето на Купот на Македонија. Битолски Пелистер, откако со многу среќа ја елиминира екипата на Ренова, во оваа фаза ќе се сретне со Силекс од Кратово. Фаворитите за титулата Вардар и Шкендија се избегнаа меѓу себеÂ и ќе играат против Металург, односно Шкупи. Последниот пар го сочинуваат екипите на Победа и Брегалница.
Четвртфинални двојки за Купот на Македонија:
ПЕЛИСТЕР - СИЛЕКС
МЕТАЛУРГ - ВАРДАР
ПОБЕДА - БРЕГАЛНИЦА
ШКУПИ - ШКЕНДИЈА
Првите натпревари се играат на 23Â ноември, а реваншите две недели подоцна, на 7Â декември. Полуфиналните натпревари ќе се играат напролет, а финалето е закажано во мај 2017 година.