gogo

A+ R A-


Прв пораз во Анталија, Балмазујварош го најде лекот за одбраната на Силекс

По трите ремија со Шињик, Динамо Тбилиси и Кишварда, македонскиот прволигаш Силекс го доживеа првиот пораз на подготовките во Анталија, Турција, каде се наоѓа веќе една недела. Избраниците на Жикица Тасевски во четвртиот пријателски меч загубија со минимални 0-1 (0-0) од унгарскиот второлигаш Балмазујварош.

EkipaДо победата унгарскиот колектив го водеше Адам Фекете, кој погоди во 62. минута од натпреварот. Шанса на дуелот добија сите фудбалери на кратовскиот прволигаш.

Претходно, Силекс ремизираше со Шиник (0-0), Динамо Тбилиси (0-0) и Кишварда (1-1). Наредниот пријателски меч е на 7 февруари против Тобол.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.