Денешната ждрепка за полуфиналните двојки во фудбалскиот Куп максимално ги разведри лицата во таборот на кратовски Силекс. Двата главни фаворити за освојување на Купот, Шкендија и Работнички се избегнаа во полуфиналето, а со тоа се отвара можност за Силекс да стигне полесно до излез на евросцената. Ако се оствари планираното и очеувано сценариот, а тоа е Работнички да ја елиминира Брегалница, а Шкендија да биде подобра од Турново, тоа ќе значи дека некој од нив ќе обезбеди излез во Европа преку националниот Куп. Ако Шкендија или Работнички го освои Купот, тоа ќе значи дека третопласираниот, но и четвртопласираниот тим на табелата ќе обезбедат учество во квалификациите за ЛЕ.
Е тука се отвара можност за Силекс по неколкугодишна пауза да се избори за евронастап, па дури и доколку заврши четврт, но под услов Работнички и Шкендија да бидат пред него.
Работнички и Шкендија се избегнаа во Купот, кратовци на чекор до Лига Европа
Најново
![]() | Денеска | 1173 |
![]() | Вчера | 4607 |
![]() | Оваа недела | 5780 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 31670 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20949679 |