gogo

A+ R A-


Работнички - Силекс 0-0 (видео)

Силекс бил лекот за Работнички

Работнички: Игор Стефановиќ, Владимир Тунески (Филип Петковски), Звонимир Станковиќ (Емир Адем), Игорче Стојанов, Панче Ќумбев, Благоја Тодоровски, Крсте Велкоски, Никола Глигоров, Борче Маневски (Милован Петровиќ), Марјан Андонов, Штефан Вујчиќ

Силекс:  Даниел Божиновски, Даниел Лампевски, Саша Васов, Борјан Стојановски, Никола Мишовски, Мартин Петров, Мирослав Атлески, Милан Николиќ, Ѓорѓи Заревски, Александар Темелков, Амир Дуриќ

&feature=player_embedded

Влатко Костов не успеа да дебитира на клупата на Работнички со победа. Задоволството му беше скратено од страна на фудбалерите на Силекс, кои дојдоа во Скопје да се бранат и успееа на крајот да ја остварат својата цел. Во текот на сите 90 минути фудбалерите во црвено ја имаа топката во посед, теренската иницијатива, шансите но не и среќата на својата страна. По почетното 20 минутно испитување на силите Работнички ја имаше првата шанса. Крсте Велкоски одлично нафрли од слободен удар, откако сите играчи ја промашија топката, на втората статива натрча Маневски, кој слабо ја удри топката која заврши покрај стативата, а Маневски, заедно со голманот на Силекс, Божиновски и Лампевски завршија во мрежата и стативата од голот. Неколку минути подоцна Работнички имаше одлична можност да поведе по одлично изведениот корнер на Велкоски, на втората статива топката ја сочека Андонов, но неговиот удар беше сопрен од еден на играчите на Силекс на самата гол линија. Ненадејно и неочекувано се закани и Силекс откако домашните дефанзифци поставија неуспешна офсајд замка, Нацев се најде сам пред голманот Стефановиќ, но Игор докажа зошто шефот Костов толку инсистираше тој да биде доведен во Работнички и одлично го одбрани ударот. Марјан Андонов се обиде атрактивно да го совлада гостинскиот голман, но ударот со ножички од 16 метри заврши само во рацете на Божиновски. До крајот на полувремето и Маневски имаше уште една шанса но премногу чекаше и се местеше да бие за на крајот да упати удар далеку од рамките на голот. Во вториот дел сликата на теренот беше иста како и во првото полувреме. Работнички напаѓаше, ја имаше топката во посед, но повторно немаше среќа. По одличниот пробив на Тодоровски од десната страна и одлично испратената топка по земја кон пеналтикот, нововлезениот Петковски не ја зафати топката како што посакуваше и пропадна и таа шанса. Одново најсериозната шанса ја имаше Андонов кога по центаршутот на Тодоровски со глава го лобуваше веќе совладаниот Божиновски, но сепак пречката од голот спречи радост. Во продолжение од акцијата Велковски и Петковски се сплеткаа меѓусебе, а ударот од далечина на Петровиќ беше блокиран и беше расчистена опасноста. И во вториот дел гостите од Кратово имаа само една шанса и тоа од слободен удар од 25 метри, но ударот беше слаб и без проблем одбрани Стефановиќ. Малку недостасуваше и играчите на Силекс да ја затресат сами својата мрежа, откако по корнерот на Тодоровски ја упати топката кон својот гол, но Нацев расчисти од гол линијата. Дека мечот се играше чисто и без премногу агресивност на фудбалерите докажува и само едниот покажан жолт картон на Борјан Стојановски од Силекс заради задржување на време.

Шефот на стручниот штаб изјави дека им е лут на своите играчи затоа што не превземале ризик за да одиграат еден на еден за да создадат шанса или евентуално некој слободен удар, но на крајот посочи дека се на се нерешениот резултат бил најреален.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.