Силекс владее на арената Филип Втори
пишува - Оливер Арсовски
На единствениот меч  денеска од домашното фудбалско првенство, екипата на Силекс славеше на  Градски против Работнички со 2:1.  Првото полувреме помина со бледа игра и на двете страни и без  посериозни шанси, па очекувано резултатот по првите 45 минути гласеше  0:0.  На стартот на вториот дел од слободен удар Златко Бошковски го  отвори резултатот, по што екипата на Силекс го засили темпото и играта  се префрли на пполовината на домашниот тим.  Следуваше нова закана од Кратовчани во 60-та минута, која заврши со  корнер за гостите.  Ударот од аголот беше одлично искористен од искуснито Ванчо Трајчов  за зголемување на водството на 2:0 во 62-та минута.  
 
 Во завршницата од вториот дел романтичарите имаа иницијатива, која  конечно се исплатеше, Брњарчевски во 84-та намали на 1-2, но домашнито  состав немаше ниту сили ниту посериозно изградени акции, за израмнување  на резултатот, п атака на крајот заслужено се радуваа гостите.  
 Со трите утрешни натпревари на кои се среќаваат Победа – Хоризонт  Турново, Тетекс – Вардар и Металург – Пелистер се комплетира 27 коло.  
 Натпреварот Ренова – Милано се одигра вчера, а домаќинот славеше со  1-0.

















