8 првенствени меча траеше постот против Силекс од 7 декември 2007 до 28 март 2012 година за конечно Работнички да ги освои сите три бода во натпревар против Силекс. Иако сосема заслужено денеска Работнички славеше со 2-0, сепак настаните на теренот можеа да донесат сосема друг финиш на мечот. Од самиот старт на мечот фудбалерите на Певник започнаа да притискаат кон голот на Божиновски но со само безопасни удари од далечина на Маневски и Деспотовски. Во 14 минутата по центаршутот на Тодоровски од десната страна, Крсте Велкоски му ја смири топката на Маневски кој од 11 метри биеше прецизно покрај десниот дирек за водство од 1-0. Кратовци во првиот дел не создадоа ниту една посериозна шанса кон голот на Маџовски, а романтичарите лесно ја контролираа играта но без некоја поизразита шанса за гол. Роберт Певник во првиот дел мораше да направи и една принудна измена, мечот поради повреда го напушти Бошко Ступиќ а на негово место влезе Дарко Велковски. Во вториот дел гостите се разбудија и тргнаа фуриозно кон голот на Работнички. Фудбалерите на Певник како да се загубија на теренот и екипата на Силекс беше во силни налети кон голот на Маџовски, но воглавно со долги и нафрлени топки кои одлично ги расчистуваше одбраната на Работнички предводена од Живковиќ и Богдановиќ. Во неколку наврати среќата беше на страната на Работнички откако Насевски и Темелков имаа неколку одлични прилики за израмнување но беа помалку неснаодливи и Маџовски беше сигурен на голот. Певник се обиде да внесе живот во средниот ред, па го внесе Настевски на местото на Велкоски, што по неколку минути резултираше со одлична можност за Дарко Велковски кој беше сам пред голот на Силекс но од непосредна близина го погоди Божиновски. Тој момент како да им даде крила на гостите кои тргнаа уште пофуриозно и го окупираа шеснаесетникот на Работнички, но не успеаваа да сторат нешто посериозно. Пред крајот на мечот Работнички се ослободи од притисокот и успеа да создаде шанса преку Маневски кој биеше атрактивно со ножички но Божиновски одлично одбрани. Во последната минута од мечот капитенот Борче Маневски стави точка на победата, откако Настевски одлично се ослободи од двајца противнички играчи, го проигра осамениот Маневски, а капитенот рутинирано ја пласираше топката во голот на Божиновски и го постигна својот 5 гол во последните 3 меча со што докажува дека ја враќа својата репрезентативна форма. На крајот Певник му дозволи да биде испратен со аплаузи од малубројната публика на „Борис Трајковски“ и на негово место влезе младиот Виктор Ангелов.
Работнички - Силекс 2-0 ВИДЕО
Најново
![]() | Денеска | 1094 |
![]() | Вчера | 1955 |
![]() | Оваа недела | 12509 |
![]() | Минатата недела | 32439 |
![]() | Овој месец | 86434 |
![]() | Минатиот месец | 847250 |
![]() | Вкупно | 22138733 |