Силекс го претстави своето ново име во нападот. Станува збор за Стефан Ѓуриќ кој што потпиша договор со кратовскиот тим. Станува збор за 24-годишен шпиц кој што играл во Спартак Трнава и во Слобода Ужиџе.
Интересно е тоа што овој играч е висок 193 сантиметри. Тоа значи дека со својата висина треба да доминира пред противничките голови, барем кога станува збор за дуелите и за високите топки.