gogo

A+ R A-


Ракометарот на Вардар, Златко Даскалоски, стана татко

Голманот на ракометниот клуб Вардар и повремен репрезентативец, Златко Даскалоски, стана татко. Неговата сопруга Кристина на свет го донесе Михаил, инаку прва рожба во семејството Даскалоски.
-Сопругата Кристина се породи во „Аџибадем Систина“ и на свет донесе прекрасно машко бебе. Голема благодарност упатувам до доктор Никола Панчевски и целиот тим кој се грижеше породувањето да помине во најдобар ред. Цело време бев покрај моите најсакани, но не присуствував на чинот на раѓањето поради „царскиот рез“ со кој Михаил дојде на свет. Изборот на името дојде некако спонтано, уште во ноември минатата година, кога на празникот „св. Архангел Михаил“ јас и Кристина ја дознавме веста дека ќе станеме родители. Убаво е чувството за прв пат да се биде татко, со нетрпение ги чекам денес да си дојдат дома – ни кажа Даскалоски.
Пресреќниот татко ќе му се порадува на Михаил само неколку дена, бидејќи клупските обврски во Вардар не дозволуваат да биде постојано дома.
-Во среда ги започнуваме подготовките, а веќе на 28 јули заминуваме во Словенија. Потоа ќе настапуваме на турнирот во мојата родна Струга, па повторно на турнир во Белорусија. Таков е спортскиот живот, донесовме многу квалитетни засилувања и од нас ќе се очекуваат големи резултати – истакна Даскалоски. Оливер Арсовски

www.vest.mk
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.