Фудбалерите на Силекс го одиграа првиот контролен меч во летниот подготвителен период, и тоа на теренот на Железарница против новиот прволигаш Скопје. Мечот заврши 1-1, откако домаќинот поведе со голот на Филип Колеќески во првиот дел, додека кратовци израмнија во финишот со голот на бразилското засилување Антонио Маркос - Тони.
За во сабота е закажана нова контрола, овојпат во Кратово со второлигашот Саса.

















