gogo

A+ R A-


Ренова - Силекс 3-1

Ренова го совлада Силекс

Фудбалерите на Силекс иако се надеваа на изненадување на гостувањето во Тетово, сепак со наведнати глави се вратија во Кратово. Домашната Ренова без многу напори ги совлада со 3-1. Дека кратовци нема што да бараат во Тетово, се виде уште во првите 7-8 минути, кога гипсарите стигнаа до убедливи 2-0. Првин Јанчевски во 2-та минута од пенал, а потоа и Исени во 7-та минута го најавија триумфот на Ренова. Искра надеж даде голот на Темелков во 57-та минута, но точка на мечот стави повторно Јанчевски во 70-тата минута. После овој пораз, Силекс падна на табелата и се најде во зоната која води во баражот.

Интересно е што во третиот круг кој започнува на 2 април, Силекс повторно и гостува на Ренова.

Шкендија 45 бодови, Металург 41, Ренова 38, Работнички 37, Хоризонт Трново 32, Напредок 31, Тетекс 30, Брегалница 29, Силекс 28, Скопје 23, Вардар 20 и Пелистер 12.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.