gogo

A+ R A-


Репрезентативецот го прослави 28-от роденден

Ривалдо го разубави роденденот на Ристиќ

пишува - Оливер Арсовски

Со специјални гости како бразилските асови Ривалдо и Денилсон, македонскиот интернационалец Стевица Ристиќ во неделата во Ташкент го прослави својот 28-ми роденден. На забавата за која се погрижи неговата сопруга Катарина, инаку родена кратовчанка, присуствувала комплетната бразилска колонија која настапува за узбекистанскиот првак Бунјодкор, но и неколкумина фудбалери од Србија кои настапуваат во други клубови во Узбекистан.

- Иако само неколку месеци се познаваме со семејствата на Ривалдо и останатите бразилски асови, сепак сите не испочитуваа и присуствуваа на роденденот на мојот сопруг. Ние и претходно приватно се дружевме со нив, истотака и децата ни се дружат бидејќи одат во иста градинка. Стевица беше пресреќен, но сепак најголемата ѕвезда на вечерта беше ќерќата Стефани- ни кажа сопругата Катерина, која во септември очекува принова, но не ни откри дали таткото Стевица ќе добие свој наследник или повторно ќе има ќерќа.

Инаку, Ристиќ и Ривалдо се најдобрите стрелци во тимот на Бунјодкор со по три погодоци, кој по девет кола се наоѓа на чело на првенствената табела. Но, затоа узбекистанците доживеаја рана елиминација од азиската Лига на шампиони, каде Ристиќ воопшто не доби прилика од тренерот Сколари да ја брани титулата освоена лани со Поханг. Можеби затоа бразилскиот стратег не доби покана да присуствува на роденденот на македонскиот репрезентативец, кој по подолга пауза се враќа во националниот дрес за претстојните пријателски средби со Азербејџан и Романија кои ќе се одиграат во Австрија.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.