Потсетување на една легендарна генерација фудбалери на Силекс во времиња кога фудбалот се играше со голем жар и ентузијазам, кога имаше петпати повеќе публика наседната на карпи, отколку сега во удобни седишта и покриена трибина... на фотката се легендарниот голман Кире Трајчев, познат по пискавиот извик „моја“ кој се слушаше до Сланушка, Жика Шпанац познат како „костоломац“, брзоногото крило Туш Зефиќ, актуелниот тренер на Силекс, Трајче Сенев, милениците на публиката, браќата Ане и Арсо Андовски, штипјанецот Зоран Маниќ, потоа Ристевски, Пивоваров, Андонов, и секако Јовковски, кој го доби прекарот „Мртви“ поради својата неподвижност на теренот, но кој стана миленик на публиката кога на еден меч постигна пет погодоци.
Најново
![]() | Денеска | 607 |
![]() | Вчера | 2931 |
![]() | Оваа недела | 8145 |
![]() | Минатата недела | 34620 |
![]() | Овој месец | 34035 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20952044 |