gogo

A+ R A-


Резервите на Силекс ги надиграа младинците на Металург (ФОТО)

На дуелот меѓу Б-тимовите на Силекс и Металург, и на двете екипи им припадна по едно полувреме, со таа разлика што кратовци го добија првиот дел со 3-0, а во вториот дел гостите успеаја да анулираат само еден гол од предноста на Силекс. Домашниот состав, во кој од прва минута настапија првотимците Тимовски и Џонов, а шанса добија три потенцијални засилувања, тргна силно и уште во четвртата минута ја тресеа мрежата на гостите. Голманот Иванов реагираше одлично при еден удар на Ивановски, но на одбиената топка налета Јанковски и стрелаше прецизно.

Во 22-та минута кратовци го зголемија водството по извонредниот удар на Н.Ѓурчиновски од 25 метри. Фуриозниот старт на „црвено-сините“ резултираше и со трет погодок во 25-тата минута, кога Распашкоски одлично реагираше со глава и го совлада Иванов.
Во вториот дел гостите заиграа далеку поангажирано и од пенал намалија преку Канзуров, а можеа и да постигнат втор гол, но Пановски одлично ги скроти ударите на гостинските играчи. Во финишот се разиграа нововлезените Гуцев, Нешовски и Д.Ѓурчиновски, но извонредниот 16-годишен голман Благојче Иванов покажа раскошен талент и спречи дебакл на „металурзите“ во Кратово. О.Арсовски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.