gogo

A+ R A-


Се крчка трансфер на Недељковиќ на далечниот Исток

altСилекс не само што доби извонреден стратег на клупата во името на Жикица Тасевски, туку може и финансиски да профитира од неговото доаѓање во Кратово. Имено, со посредство на Тасевски, деновиве се „крчка“ трансфер на најдобриот играч на Силекс, Игор Недељковиќ, на далечниот Исток. Иако се шпекулираше дека Хунан Билоус, во кој Тасевски беше извесно време тренер, загризал по голгетерот од Србија, сепак најновите информации говорат дека се работи за друг клуб. Се очекува Недељковиќ да инкасира добра сума и дебело да ги наплати своите голови во дресот на Силекс, но добра сума како отштета би требало да добие и Силекс, бидејќи Недељковиќ има важечки договор со кратовци.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.