Победник на турнирот во мал фудбал е тимот на „Сендвичара Досе“, откако во големото финале го совладаа „Фунги фуд“ од Пробиштип со 2-0. Како награда добија 300 евра и пехар. За најдобар стрелец е прогласен Горан Арсовски од ФК Кратово со 17 погодоци.

















