gogo

A+ R A-


Сенев си замина од Силекс, можни наследници Пижон, Штерјоски, Џони...

Тренерот под чија палка фудбалерите на Силекс обезбедија експресно враќање во елитното друштво, нема да ја има привилегијата да ги води кратовци низ прволигашките искушенија. Штипјанецот Трајче Сенев веќе не е шеф на стручниот штаб на Силекс, а причината е по малку банална, немање Про-лиценца за водење прволигашки клуб. Да ја имаше потребната лиценца, Сенев веројатно ќе добиеше шанса да остане на клупата и за првпат да води клуб во елитната конкуренција.

Во ситуација кога фотелјата е испразнета, на чаршијата и останува да шпекулира околу имињата кои би можеле да седнат на жешката клупа. Се вртат имињата на Добринко Илиевски - Пижон, екс-играчот на Силекс Зоран Штерјовски, Ѓорѓи Тодоровски - Џони, па се до Љубодраг Милошевиќ и Ане Андовски. alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.