Шампионска игра на КМФ Кратово против актуелниот првак Шкупи. Ова е најкусиот опис на настаните во спортската сала во Кратово, во која кратовци одиграа маестрално, без грешка, и во рововска битка го совладаа фаворитот од Чаир. Творци на победата од 2-1 беа Мирков и Начковски, иако целиот тим одигра на највисоко ниво.
Кратовци дојдоа во водство преку Дарко Мирков, но на истекот примија погодок за реми на полувреме. Вториот дел донесе многу подинамичен меч, но помалку голови. Стариот лисец Александар Стојановски - Шајка постави длабок ров пред голот на извонредниот Зоки Јакимовски, кој во финишот на мечот бранеше како да има сто раце. Драган Стефанов вообичаено на грб ги носеше гостинските играчи, но во ниеден момент не потклекна. А кога е во форма, се знае кој е „цар“ на теренот. Боби Начковски, ветеранот кој уште десет години планира да игра врвен футсал, доби прилика да изведе слободен удар на десет метри од голот на Шкупи. Севна десницата, топката мина таму кај што игла не може да мине и заврши во горниот десен агол за ерупција од радост на преполните трибини. Грмеше „Кратово, Кратово“ на трибините, до последните секунди од мечот, кога судијата Горан Спиркоски означи крај на мечот, а почеток на едно големо славје на теренот.
Шампионот е на колена, КМФ Кратово е владетелот (барем во оваа пресметка)!!!
Шампионот Шкупи е на колена, КМФ Кратово е новиот владетел во макфутсалот!!!
Најново
![]() | Денеска | 2025 |
![]() | Вчера | 10049 |
![]() | Оваа недела | 33199 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 24469 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20942478 |