Фудбалерите на Шкендија обезбедија лесна победа на гости во Кратово кај Силекс (1-3) и му направија проблем на тимот на Жикица Тасевски во борбата за излез во Европа, кој сега има само еден бод пред Работнички, а опасно се приближија Академија Пандев, Шкупи и Ренова. Во моментов Силекс има 46 бода, Работнички има 45, Академија Пандев 42, Ренова 41, а Шкупи 39. И ако чаирчани победат, ќе се израмнат со пандевци на по 42 бода и потоа почнува пеколот.


















