Сосема друга приказна ќе беше мечот доколку Силекс го израмнеше резултатот во 48-та минута. Велинов успеа да се избори за пенал, но за жал Дурански шутираше високо над голот и шансата отиде во неврат.
Тоа им даде крилја на домаќините, кои до крајот реализираа уште два пати. Првин Кировски, а во судиското продолжение и Вручина го дотолчија Силекс, поставувајќи ги конечните 3-0.
Овој пораз не смее да ја наруши одличната атмосфера во составот на Здравков и Штерјовски, туку треба да ги поттикне со добра игра да прокнижат нови три бода веќе в недела со Брегалница.
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 3-0
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-2
ПЕЛИСТЕР – ТЕТЕКС 3-0
Х.ТУРНОВО – МЕТАЛУРГ 1-0
(19 Ч.) ВАРДАР – РЕНОВА
Табела: Вардар 14 (-1),
Пелистер 13,
Силекс 12,
Шкендија 11, Металург 11, Работнички 10, Х. Турново 10, Ренова 8 (-1), Брегалница 3, Тетекс 2.