Екипите на Шкендија и Силекс за само неколку дена одиграа два првенствени дуели на кои тетовскиот прволигаш освои 6 големи бода со кои ќе се бори за излез во фудбалска Европа, иако тој излез може да го оствари и преку натпреварите во купот каде се пласира до полуфиналето.
Натпреварот започна доста борбено но без многу шанси на обете страни. Дури во 15-тата минута Шакири упати остар удар кој за среќа на Божиновски заврши крај голот. Силекс изведе добар корнер преку Павловиќ но Велинов иако беше осамен беше пренизок да ја зафати нафрлената топка.
Конечно во 30-тата минута голгетерот на домаќините Ејупи постигна погодок за водство на домаќините од 1-0. Само 3 минути подоцна Демири зголеми на 2-0.
Во вториот дел Силекс се обидуваше да фати резултатски приклучок , играше борбено но тешко успеваше да дојде до голот на Велии. На спротивната страна младиот Каримани упати два силни удари кои Божиновски со тешки маки ги одбрани.
Третиот гол за Шкеднија беше дело на прекрасна акција на Реџепи кој мајсторски го проигра Шакири а овој ефектно го погоди горниот десен агол.
Шкендија – Силекс 3-0. Градски стадион Тетово. Гледачи 1000. Главен судија: Стевче Шулевски (Охрид)
ШКЕНДИЈА: Велии, Незири, Цуцули, Демири, Бериша, Реџепи, Усеини, Шабани, Таипи, Ејупи, Шаќири. Тренер: Артим Шаќири.
СИЛЕКС : Божиновски, Петров (Ѓорѓиев), Павловиќ, Стаменковиќ, Кариќ, Савановиќ, Лампевски, Мијатовиќ, Коњарски, Велинов, Рајда. Тренер: Небојша Петровиќ.
www.sportefe.com.mk