Тежок пораз во Тетово
Шкендија со убедливи 3-0 ја совлада екипата на Силекс во последниот натпревар од 5-то коло од Првата македонска лига. Шкендија влезе како фаворит во натпреварот против Силекс и ја оправда таквата улога. Тетовскиот тим долго време го кршеше отпорот на Силекс, првиот гол беше постигнат во 72-та минута, Емини и донесе водство на Шкендија. Шест минути подоцна Андонов зголеми на 2-0, Сали во 81-та минута ги постави конечните 3-0. Ова е трет пораз на трите гостувања на Силекс, по поразите од Хоризонт Турново со 0-4 и Скопје 1-2.
Табела:
1. Металург 11 бода,
2. Хоризонт Т. 10,
3. Тетекс 9,
4. Шкендија 8,
5. Ренова 8,
6. Напредок 8,
7. Скопје 7
8. Работнички 7
9. Пелистер 4
10. Силекс 4
11. Брегалница 3
12. Вардар 3.