gogo

A+ R A-


Шпекулација или вистина, Силекс ќе се фузира со Македонија ЃП

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/C5584E3E4B103E41A7140FC29A83602C.jpgАко можеше Вардар во ланската сезона да ја избере фузијата како најлесен начин да се остане во прволигашкото друштво, зошто такво нешто не би направил и кратовски Силекс. Тоа се единствените два клуба кои немаат досега играно во второлигашката конкуренција, клубови кои имаат еден куп трофеи зад себе и богата традиција, и клубови на кои дефинитивно не им личи да играат на пољанки во Врапчиште, Миравци, Милетино...

Според пишувањата во денешиот број на „Македонски спорт“, во мак-фудбалот се „крчкаат“ две фузирања во пресрет на новата фудбалска сезона. Првата е фузијата меѓу Силекс и новиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров, со што би се добил нов ентитет Македонија ЃП Кратово кој би ги играл своите мечеви во Кратово. Весникот пишува дека скопјани и покрај големите амбиции да играат во елитата, немаат доволно финансии да го издржат товарот, а и не се трансформирани во акционерско друштво. Дали е шпекулација или ќе излезе вистина, ќе дознаеме набргу.

Втората фузија во најава е меѓу новиот второлигаш Дрита и Албарса (екс Слога Југомагнат), со што би се формирал нов второлигаш Шкупи, а раководството на Дрита би го финансирало новиот прволигаш Гостивар.

Деновиве по кулоарите се врти и трета опција, најмалку веројатна, а тоа е дека албанските клубови вршат силен притисок за проширување на Првата и Втората лига на по 16 клубови, со што би се задоволиле апетитите на сите клубови, а претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски би добил нов мандат на претстојното собрание на ФФМ.     Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.