По серијата заминувања од Силекс, кратовци во возвратија ударот, со серија засилувања за моќен Силекс. По Срѓан Драшковиќ, свој потпис стави и Петар Љамчевски, играчот за врска кој до пред некој ден беше член на Пелистер, претходно играше и за Металург. Интересно е што двајцата играчи не се во роднински релации, но неверојатно личат еден на друг, како браќа близнаци.
Битолчанецот Љамчевски кој има 26 години минатата сезона ја мина во Пелистер. Офанзивецот реши да се пресели во Силекс, кој в година се очекува повторно да биде во борба за една од горните позиции на табелата.
Новајлија е и Срѓан Драшковиќ, 27-годишен стопер кој доаѓа од својата земја Србија. Беше дел од Челарево, а претходно настапуваше за Викторија од Малта.ÂДосега потпис со кратовскиот клуб ставија и Стефан Коцев, Спасоје Стефановиќ, Филип Миленковски, Емануел Мбела, Дарио Десниќ и Христијан Грозданоски.