Прволигашот Силекс продолжува со ангажирање на нови играчи за претстојната сезона во елитната конкуренција. Деновиве ангажирани се тројца нови фудбалери од соседна Србија, традиционлниот пазар од кој кратовци со години наназад купуваат фудбалери. Нов фудбалер на кратовци е Филип Обадовиќ, довчерашен фудбалер на Лозница кој минатата сезона постигна 8 голови во Првата лига на Србија. Станува збор за фудбалер роден 1997 година, висок дури 198 см.
Второто интернационално засилување ова лето е играчот на Раднички Сремска Митровица, Владимир Петровиќ.
Петровиќ во моментов има 25 години, игра на позицијата „десетка“ и ќе биде секако големо засилување за кратовци.
Петровиќ инаку е син на некогашниот напаѓач на екипите на Вардар, Тиквеш и Борец, Саша Петровиќ кој играше на позицијата напаѓач и кој остави одличен белег во македонскиот фудбал.
Некогашниот младинец на Црвена Звезда и младински репрезентативец на соседна Србија, Марко Маринковиќ е третиот нов играч на тимот на Силекс.
Засилувањето кое кратовци го потпишаа игра на стоперската позиција и е голем плус за Силекс за следната сезона. Со оглед на фактот што дел од одбраната која настапуваше изминатиот период го напушти клубот, Маринковиќ доаѓа и како замена, но и очигледно како прволигашки квалитет.
Тој е дете на Црвена Звезда но има одработено доста позајмици од типот на Сопот, Сингелиќ, Борча, Спартак Суботица, а имал и кратка авантура во тимот на Спартак Трнава. Има и настапи и за У17 репрезентацијата на Србија е се одликува со одлична висина од 198. сантиметри. Во моментов има 28 години.